Школа по црковно пеење од византиска традиција во Смојмирово

Школата по црковно пеење од византиска традиција „Андон Шахпаски“ 2016 од утре до 29 август годинава ќе се одржува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во беровското село Смојмирово.
Во 2014 година Универзитетот „Евро Балкан“-Скопје во рамки на програмата на Летниот универзитет во Охрид, донесе одлука за обновување на Школата по црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово. Веќе трета година таа го носи името на нејзиниот втемелувач, Андон Шахпаски.
Според програмата, утре, на отворањето на школата ќе има промоција на „Краткиот воскресник“ на Андон Шахпаски транскрибиран на европска нотација од м-р Мирјана Павловска Шулајковска, а концерт ќе има камерниот хор „Херувими“.
Во рамки на школата, в понеделник предвидена е и посета на православни храмови во Малешевско.
Ново на Сител
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
