Бизнис
14. March 2016 - 16:45

Школа за иновации и претприемништво во Делчево

Трисетина млади од Источно-планскиот регион од денеска ќе учат како да влезат во светот на претприемништвото, во рамките на  Школата за иновации и претпримеништво која започна со работа во Делчево. Експерти и консултанти од областа на претприемништвото ги учат младите како да ја рaзавијат својата бизнис-идеја и да помогнат во локалниот развој.
 
Ристо Иванов, проектен менаџер на Школата  за иновации и претприемништво, истакна дека потребата од оваа школа произлегиува од претходните активности на ИПР. Направена е програма за наредните 4 години, план за инвестиции, односно направен е преглед на потенцијалот на регионот.
 
-Оваа школа има за цел да ги поттикне младите луѓе да развиваат свои иновативни идеи во рамките на еден претприемачки дух и да се обидат да го стават во функција на локалниот развој. Преку разработен систем, тие ќе поминат една методологија и технологија со цел, како она што го имаат како идеја, да развијат во насока да може да комуницира со тие што може да ја финансираат реализацијата на таа идеја, рече Иванов.
 
Тој додаде дека по завршувањето на школата,  бизнис- идеите ќе бидат оценувани, според степенот на нивната иновативност и нивната одржливост на пазарот.
 
-Врз основа на таквата оценка, тие што ќе бидат најуспешни ќе добијат поддршка во делот на менторирање и насочување, како она што го предложиле да го преточат насочат во конкретна акција. Всушност, претприемништвото е тоа, како својата идеја да ја насочиш во кокнретно дело. Она што плус од ова се очекува, е во рамките на Фондот за иновации е да се насочуваат дел од овие проекти, а минимум еден ќе бида финансиран, рече Иванов.
 
На првиот ден од Школата за иновации и претприемништво, присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов кој истакна дека очекува резултати од функционирањето на оваа Школа.
 
-Ова е добро на долги патеки, бидејќи ќе се создаде една синергија меѓу општинските раководтсва, центрите за поддршка на планските региони, нво- сектор и бизинис- заедницата и сега го вклучуваме и научниот сектор, факултетите. Очекувам на долги патеки ова да донесе многу продуктиивност, бидејќи живееме во 21 век, имаме потецијал, имаме кадар и сметам дека од оваа Школа во иднина ќе излезат многу иновации, рече Пренџов.
 
Школата е дел од активностите на Бизнис- центарот на Источно-планскиот регион, поддржан од Минситерството за локална самоуправа и УНДП. Бизнис- центарот во ИПР постои веќе 2 години, потенцираше директорката на Центарот на Источно-планскио регион, Драгица Здравева.
 
-Од формирањето на бизнис-центарот досега имаме организирано 7 информативни средби за мали и средни претпријатија, изработивме стратешки документи, како што е Водич за инвестиции во ИПР, Порграма за поддршка на бизнис-секторот со акциски план за периодот од 2015 до 2020, како и Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис-секторот во ИПР, рече Здравева.
 
Обуката во Делчево ќе трае 5 дена и е прва од двете предвидени Школи за иновации и претприемништво за што учесниците ќе добијат и соодветни сертификати.