-->
-->
Шок: Го извадиле мртов рускиот цар од гробот! - Еве зошто!
-->

Остатоците од рускиот цар Александар Трети биле ексхумирани во Санкт Петербург. Ексхумацијата била спроведена за експертите да можат да ги идентификуваат остатоците од неговиот син, последниот руски цар Николај Втори Романов и неговото семејство, кои се убиени 1918 година.
Гробот во кој почива Александар Трети се наоѓа во црквата Свети Петар и Павле го отвориле истражители и патолози, во присуство на претставници од Руската православна црква, изјавиле од рускиот истражен комитет.
Пристапот до црквата денес бил затворен за туристи, а пред објектот имало и полицајци. Истражна комисија неодамна објавила дека новите ДНК тестови, направени по барање на Руската Православна Црква, ја потврдиле автентичноста на останките на рускиот цар Николај Втори.
Ова испутување е отворено во септември, на барање на Руската православна црква, која се сомнева во веродостојноста на остатоците кои се сметаат дека се од семесјството Романов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
