-->
-->
Шок и неверување: Моментот кога Пандев и соиграчите дознаа за смртта на Давиде Астори
-->
Следуваше молк на „Луиџи Ферарис“, играчите, меѓу кои и нашиот Горан Пандев, и навивачите беа во шок, многумина и заплакаа кога им беше соопштено дека животот го загубил италијанскиот репрезентативец.Фудбалскиот свет е во тага по ненадејната смрт на Давиде Астори, поради што сите натпревари од Серија А се одложени.

Џенова и Каљари требаше од 12:30 часот да го одиграат својот натпревар, но токму кога играчите излегоа на теренот се дозна дека во Удине, во текот на вечерта починал фудбалерот на Фиорентина и италијански репрезентативец.

Следуваше молк на „Луиџи Ферарис“, играчите, меѓу кои и нашиот Горан Пандев, и навивачите беа во шок, многумина и заплакаа кога им беше соопштено дека животот го загубил италијанскиот репрезентативец.

Капитенот на Фиорентина во сон почина во хотелот во Удине каде неговиот тим требаше да одигра натпревар со домашниот Удинезе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
