Балкан
27. July 2017 - 20:47

Шок на граница: Еве како граничарите се справија со огромна змија

Граничарите на преминот Добраково, останале зачудени кога ја здогледале огромната змија.

Некако успеале црвенопашестата боа да ја фатат и да ја тргнат на безбедно место.

На социјалните мрежи набрзо се прошири снимката од фаќањето на змијата.

Овој рептил може да порасне и до 3 метри, а нејзиниот животен век е дури 30 години.

Позната е токму по црвените точки на крајот од опашката, а по потекло е од Бразил, но никој не знае како се најде на Дубраково, во Црна Гора.

Црвеноопашестата боа најчесто се храни со глувци и стаорци, а кога ќе порасне до големи стаорци и зајаци.