Свет
2. January 2019 - 9:08

Шокантно: Одлучил дека не сака да умре и заплакал - бебе извлечено од урнатините по 35 часа поминати на -17 степени

Објавена е драматична снимка од спасувањето на бебе од урнатините на зградата во Магнитогорск, која се урна во текот на новогодишната ноќ.

Спасителите успеаја да го извлечат детето речиси 35 часа од рушењето на висококатницата во која загинаа 9 лица, додека десетина се водат како исчезнати.

Детето било во свесна состојба, но тешко повредено, а спасено зошто пожарникарите го слушнале детскиот плач.

Иако детето е во критична состојба, лекарите се оптимисит. На детето му е повредена главата и има смрзнатици. Кога го извлекле не бил целосно облечен, а температурата во овој руски град е дури минус 17 степени.

Руските официјални лица соопштија дека мајката на детето ја преживеала несреќата и веднаш е пренесена во болница кај синот. На официјалната страница на губернаторот на Чељабинската област Борис Дубровски е наведено дека спасителите во текот на минутата молчење за жртвите го слушнале плачењето на бебето.

„Детето го спасило тоа што било во креветче и замотано во ќебенце“, додал Дубровски.

Руските служби за безбедност потврдија дека причина за експлозијата е протекување на гас, а истрагата е во тек. Во зградата се оштетени или уништени 48 станови. Експертите предупредуваат дека другите два дела од зградата можат да се урнат.