Свет
24. September 2016 - 20:58

Шокантно: Самоубиствен напад пред камерите!

Бомбаш самоубиец уби 20 луѓе, меѓу кои имало и лидери на сириските бунтовници, откако на конференција за новинари на таканаречената Слободна сириска армија (ФСА) активирал експлозив.
 
Снимката од нападот се појави на интернет, а на неа се гледа како при обраќање на лидерот на ФСА припадник на Исламска држава активира бомба во просторијата.
 
Нападот се случил во градот Инкил, а по експлозијата се слушаат извици и стрелање од автоматско оружје.