Шокантно: Владо Георгиев откри голема тајна за Здравко Чолиќ

Пејачот Владо Георгиев открива дека неговиот постар колега Здравко Чолич своевремено бил соработник на служните на државната безбедност.
Владо искоментирал дека хитот на Чола „Pisaću joj pisma duga“ од 1980 година, музичарот неочекувано раскажал за тоа што долго се наѓаѓаше. Георгиоев рекол дека е јасно дека Здравко за време на СФРЈ бил соработник на ДБ, т.е дека тоа му помогнало да стане голема музичка ѕвезда.
- Додека Чола се држеше со сериозни соработници, имаше добри песни. Ги набројуваше сите градови во песните и тоа потврдува дека бил под контрола на службата на државната безбедност. Не било можно тогаш да се биде ѕвезда и да се наполни цела Маракана, а да не си отпеал „ Druže Tito, mi ti se kunemo“. Беше во Англија и таму сериозни продуценти му ги правеа песните, открива пејачот.
Изјавата на Владо е само потврда на она што го рекол Живан Велисавлевиќ, долгогодишниот работник на ДБ. Тој, имено, сведочел дека во 70-тите Тито го одбрал Стане Доланк да ја води акцијата „Милјачка“, чија цел била контрола врз младите и да се помогне во рок музиката.
Прв, кој службата го договорила бил Горан Брегович. Меѓутоа по негово тврдење, службата имала јасна цел - да го регрутира и Здравко Чолиќ.
- Чолиќ беше многу талентиран изведувач и него не можевме да го регутираме тука така. Сепак, кога е уапсен во Охрид поради разменување на девизи, отидов во затворот во Охрид и таму за 15 минути ја договоривме соработката. Наместо првобитниот план за него да компонираат најголемите музичари во тогашната Југославија, сепак одлучивме цел албум да го направи самиот Брега, сведочел Живан.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
