Шолц побарал од Си да влијае врз Москва да прекине војната во Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека му рекол на кинескиот претседател Си Џинпинг во разговорите дека сака Пекинг да го искористи своето „влијание“ врз Москва за да биде запрена војната во Украина.
„Му кажав на претседателот (Си) дека е важно Кина да го искористи своето влијание врз Русија“, рече Шолц и додаде дека „Русија мора веднаш да ги запре нападите под кои секојдневно страда цивилното население и да се повлече од Украина“.
Шолц го повика рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи договорот што овозможува безбедно поминување на пратките со жито од Украина за да се избегне криза со глад.
„Го повикувам рускиот претседател да не одбива да го продолжи договорот за жито што завршува за неколку дена“, изјави Шолц при посетата на Пекинг.
Тој истакна дека „гладот не смее да се користи како оружје“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
