Фудбал
19. јуни 2023 - 10:10

Шпанија стана нов шампион во Лигата на нации

Шпанија е вториот шампион од Лигата на нации на УЕФА, откако по 0:0 по 120 минути на „Де Кујп“ во Ротердам, голманот Унаи Симон блесна со два одбранети пенали за 5:4 победа на пенали над Хрватска, чија „златна генерација“ останува без трофеј во можеби последната шанса.

Во регуларниот дел двете репрезентации не успеаја да стигнат до гол, а Хрватска успешно ги одби сите напади на Шпанија, за на крајот по пенали Шпанија да биде крунисана како нов шампион на Лигата на нации.