Телото во распадната состојба е пронајдено на планина во близина на Мадрид.
Полицијата го пронајде автомобилот на Очоа во подножјето на таа планина откако нејзината ќерка го пријави исчезнувањето, но и покрај тоа што во потрагата се вклучија 400 луѓе нејзиното тело е пронајдено многу подоцна.
Познатата скијачка е идентификувана по чевлите за планинарење.
Првичните извештаи од Шпанија говореа дека несреќната Вланка загинала во несреќен случај, но сега стигнуваат информации дека полицијата се сомнева на убиство.
Обдуикцијата ќе покаже од што умрела.
Бланка Фернандез Очоа се натпреваруваше на Светскиот куп од 1982 до 1992 година кога и освои олимписка бронза во слалом во Албервил.