Штајнмаер предупреди за опасноста од враќање на национализмот во Европа
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска предупреди за опасноста од враќање на национализмот во Европа, во момент кога политичкото единство меѓу земјите од Европската унија е ставено на тест од страна на различни предизвици, пренесе ДПА.
Според Штајнмаер, во моментов закана за ЕУ претставува „политиката на страв, изолација и одбивање за заеднички европски решенија".
- Долго време изгледаше дека европскиот проект не е во опасност. Како резултат на финансиската и миграциската криза, Европа влезе во состојба на конфузија, рече тој во интервју за германскиот весник „Ноје Оснабрјукер цајтунг".
Штајнмаер предупреди на опасноста од ривалството меѓу независни држави, разгорувано од десничарските популисти, кои инсистираат на крај на ЕУ. Според него тоа е знак за „опасна историска амнезија".
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје