Штајнмаер со критика за затворањето на бегалската „балканска маршрута“

Затворањето на таканаречената балканска маршрута, по која во Германија пристигаа бегалците, лошо се одрази врз Грција. Европа не треба своите проблеми да ги решава на ваков начин, изјави германскиот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер во денеска објавеното интервју за изданијата на медиумската група „Функе“, информира ТАСС.
- Во Централна Европа пристигнуваат помалку бегалци затоа што се заседнати во Грција. Таму се создадени лоши хуманитарни услови, рече Штајнмаер.
„Да ги решаваме проблемите со тоа што нашите партнери ќе ги доведуваме во лоша ситуација, тоа не е нашиот пат. Европа не може да дејствува на таков начин“, посочи германскиот министер.
Поради затворањето на балканската маршрута приближно 11.500 лица останаа блокирани во бегалски камп крај грчкото село Идомени. Во цела Грција има вкупно околу 50.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Централна и Северна Европа, забележува ТАСС.
Во овој контекст Штајнмаер потсети на договорот со Турција, која се обврза на своја територија да ги прибере бегалците, кои се заглавени во Грција. Според него, решавањето на мигрантската криза претпоставува заштита на надворешните граници на ЕУ, исполнување на договореното со Анкара и поддршка за Грција.
Ново на Сител
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
-

Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
-

Филипче: Поддршка за протестот на ССМ, но организирана партиска поддршка нема да дадеме
-

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ
