Балкан
17. November 2015 - 9:03

Штајнмаер во еднодневна посета на Кипар

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе биде во посета на Република Кипар при што ќе има средби со претседателот Никос Анастасиадис и со кипарскиот колега Јоанис Касулидис.

Се очекува министрите да разгледаат развој на кипарскиот проблем, германско-кипарските односи и можностите за понатамошен развој, миграцијата и регионални проблемми од заеднички интерес.

Попладне, германскиот министер ќе биде во посета на северниот дел од Кипар кој е под контрола на кипарските Турци за средба со кипарскиот турски лидер Мустафа Аканџи.