Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари

Штетата врз имотите, домувањето и инфраструктурата по катастрофалните поплави во Непал минатата недела се проценува на најмалку 387,5 милијарди непалски рупии, или 2,56 милијарди долари, изјави денеска раководителот на Националната управа за намалување ризици од катастрофи, Дарма Раџ Упрети.
„За првите четири месеци од реконструкцијата ќе бидат потребни околу 52,6 милиони долари за изградба на патишта и привремени засолништа, снабдување со вода за пиење и обновување на снабдувањето со електрична енергија“, рече Упрети.
Непал ќе мора да обнови околу 20.000 куќи во погодените од поплавите области, од кои најмалку 7.500 се целосно уништени. Упрети истакна дека проценките се направени во соработка со надлежните државни органи, додека детална проценка на штетата се уште не е извршена.
Катастрофални поплави го погодија Непал во крајот на минатиот месец. Повеќе од 1.250 луѓе загинаа во Непал, додека повеќе од 4.200 луѓе се уште се водат како исчезнати, а илјадници се раселени.
МИА
Ново на Сител
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
