Штетата од невремето во Прилепско е три милиона евра
Штетата од невремето што на 23 јули годинава ги погоди прилепските села Мало и Големо Коњари и реонот на Варош е проценета на износ од 184.609.144 денари (околу три милиона евра), се наведува во извештајот што денеска го поднесе комисијата за процена на штети до прилепскиот општински совет, а советниците го прифатија.
Според Жарко Северкоски, претседател на комисијата, најмногу, преку 65 отсто се штетите на површините со тутун.
- Од поднесените 1.315 барања на земјоделците, комисијата детално разгледа и прифати 1263 барања. Одбиени се 40 барања како некомплетни, седум барања не се разгледани зашто се поднесени од ДОЕЛИ, а пет барања се препратени во други општини зашто површините се катастарски парцели кои припаѓаат во други општини. Површината зафатена со штетите на земјоделските култури е 10.571. 762 метри квадратни, односно на 1.057 хектари. Откако помина на советот извештајот ќе го пратиме до второстепената владина комисија која треба да одговори со колкав процент ќе бидат обештетени земјоделците, изјави Северкоски.
Тој дополни дека со децении Владата обесштетувала 10 до 12 проценти од проценетата штета, но не се знае колкав процентот ќе биде во овој случај.
Претседателот на прилепскиот совет Миле Талески нагласува дека и локалната самоуправа ќе одвои средства од својот буџет за да ги обесштети земјоделците. Колку ќе бидат одвоени, ќе се знае откако второстепената комисија ќе го соопшти обесштетувањето. Ова ќе биде првпат локалната самоуправа да одвои средства за ваква намена.
- Откако владината второстепена комисија ќе одреди со колкав износ ќе ги обесштети земјоделците, на седница на советот ќе бидат пренаменети средства и ќе се знае со колу пари ќе им излеземе во пресрет на земјоделците. Ова е првпат досега, не бил случај, општината од својот буџет да одвои средства за обесштетување на земјоделците при штети од невреме, рече Талески.
До второстепената комисија ќе биде испратен и извештајот за првото невреме, на 9 јули годинава, што го зафати реонот на селата Мало и Големо Коњари. Тогаш беа поднесени 105 барања, а штетите на површина од 300 хектари беа проценети на 300.000 евра.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе