-->
-->
Штети од град кај лозјата во Тиквешко
-->
Градот кој падна во четвртокот вечерта направи штети кај лозјата во Тиквешко, информира денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци. Според него, оштетувањата на некои места достигнуваат и до 80 проценти.
- Сега сме на терен, можеме да кажеме дека покрај зимското и пролетното мрзнење, сега свој данок од лозовите насади земаа и градобијните зрна. Последици од невремето има кај над двеста хектари површина под лозја, соопшти тој.
Апелираше до надлежните во државата да се формираат комисии кои ќе ги проценат штетите, со цел обесштетување на лозарите чии имоти претрпеа штети од невремето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување