Штетите од бурата Харви можат да достигнат 30 милијарди долари
Конечната сума на штетите, причинети од бурата Харви во американската држава Тексас, може да достигне 30 милијарди долари, соопшти агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на првичната оценка на компанијата за анализи „Енки рисрч“ (Enki Research).
Според експертот од „Енки рисрч“ за истражување на последиците од природни катастрофи, Чак Вотсон сумата на можните загуби ги содржи и потенцијаните штети од поплавите за нафтениот сектор во Тексас, вклучувајќи ја работната сила, како и уништување на енергетската и транспортната инфраструктура.
„Блумберг“ ја пренесува и оценката на аналитичарот во областа на осигурувањето при инвестициската компанија „Империал кепитал“ (Imperial Capital), Дејвид Хејвенс, според кого сумата на штетите причинети од Харви, може на крајот да достигне и 100 милијарди долари.
Градоначалникот на Хјустон, Силвестер Тарнер истакна дека 2.000 лица се спасени, а голем број очекуваат помош. Тој нагласи дека е обезбедено засолниште за 5.500 луѓе, но се очекува нивниот број да се зголемува. Властите во градот работат заедно со Црвениот крст за обезбедување храна и облека за најзагрозените жители.
Ново на Сител
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого