Штип инвестираше над седум милиони денари во училиштата
Општина Штип во изминатите месеци инвестираше околу 7.200.000 денари во училиштата. Средствата се искористени за решавање на приоритетните проблеми со цел учениците и наставниците да имаат подобри услови за настава. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска го посети Општинското основно училиште ООУ „Димитар Влахов“, каде што се инвестирани два милиони денари.
– Информиран сум од директорот дека јавните набавки се завршени и се во фаза на реализација. Имаме нов котел за парното греење што беше во дотраена состојба, со тоа што греењето го решивме за еден подолг временски период, опремување неколку кабинети со сите потребни материјали со тоа што можеме да кажеме дека вршиме подобрување на условите за учење, вели Бочварски.
Тој денеска, заедно со раководителот на Секторот за јавни дејности Билјана Казанџиска, го посети и училиштето „Славејко Арсов“ во населбата Баби, каде што со 2.200.000 денари локалната власт го реши проблемот со топлиот премин од училиштето до новата спортска сала, се со цел учениците во текот на зимскиот период растојанието од околу 70 метри го поминуваат безбедно.
Ново на Сител
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот

