Македонија
6. February 2023 - 12:23

Штип конечно ќе добие кино

После повеќе од дваесет години, штипјани ќе добијат кино. Општината и Киноверзум потпишаа договор за отворање на кино во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, кој е изграден на местото на некогашното летно кино и чија сала има капацитет да прими 100 посетители. 

  • Наредните месец - два треба да заврши преадаптирањето на просторот, да се монтира прожекторото на кој ќе се врши филмската проекција-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Повозрасните штипјани со носталгија се сеќаваат на времето кога во градот имаше две кина, а се бараше билет повеќе.

  • Киноте беше тренд. Имаше ревија на филмови, најновите филмови се рекламираа во киното и ги гледавме. 

  • Овде беше гужва, полно, турканици за билети. Имаше претстави од 16.00,18.00 и 20.00 часот и наутро имаше од 10.30 часот.

  • Треба порано да отидеш, карта да се земеш. Убави времиња беа тоа,

Нашите соговорници се согласни дека повторно треба да се возообнови праксата за одење на кино.

  • Убаво е да има иницијатива да се отвори кино, пак да си биде како што беше.

  • Треба, веројатно ДА.

Киноверзум е 3Д кино кое последните 3 години прерасна во единствениот македонски ланец на кина. 

  • Докажано кино во Македонија кое во неколку градови успешно работи. Убеден сум дека успешно ќе работи и во општина Штип, зашто веќе има интерес од нашите сограѓани- додаде Јорданов

Во Штип ќе работи секој ден во неделата, а во работните денови ќе има од 2 до 3 проекции.