Штип се подготвува за „Макфест“

Штип се подготвува за 34-то издание на Фестивалот на музика „Макфест 2019“. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип за МИА вели дека во текот на утрешниот ден ќе се знае и дали познати музички имиња од поранешните Ју простори ќе настапат и ќе ги изведуваат композициите на македонски јазик.
Тој најави дека традиционално на 27 септември 2019 ќе се оддржи првата прес конференција за фестивалот на музика „Макфест 2019“.
–Прес конференцијата ќе се оддржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 11:00 часот и на неа, традиционално ќе бидат соопштени учесниците на 34 издание на фестивалот, а ќе се изврши и жребување за редоследот на изведувачите на првата и втората фестивалска вечер, вели Панајотов.
„Макфес 2019“ ќе се оддржи на 10, 11 и 12 октомври, ќе се слушнат 30 компизиции на сцената на Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Организатор на фестивалот е Општина Штип, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и оваа годинава, за преносот е задолжена МРТВ.
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
