Штипјани ќе добијат повисоки сметки за вода за 5,4 проценти

Регулаторна комисија одлучи цената на водата во Штип да се зголеми за 5,4 проценти. Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар“, Живко Тасев, вели дека тие не одлучуваат за зголемување на цената, туку, сега, оваа одлука ја носи Регулаторна комисија врз основа на финансискиот извештај за 2020, кој го доставиле до комисијата.
Тасев за МИА појасни дека на потрошени десет кубика вода, кои досега се плаќале по 319 денари, сега со новото покачување ќе се зголеми за речиси 16 денари. Покачување на цената на водата ќе има и во 2022 и 2023 година, а во просек зголемувањето ќе биде за 3,5 проценти.
Според Тасев, оваа одлука, Регулаторната комисија ја донела врз основа на тоа што минатата година се зголемиле и услугите и трошоците околу дезинфекција на улиците и тротоарите, како и поради тоа што неколку пати, поради мерките, биле затворени пазарот и бањата Кежовица, а во два наврата имале и законско зголемување на платите на вработените.
Позитивна вест е што во 2021 година, на истата сметка што ќе ја добијат штипјани, ставката за отпадни води се намалува за 6,67 проценти. Новото зголемување на цената на водата за пиење ќе биде на јануарските сметки, кои пристигнуваат за наплата во февруари 2021 година.
Ново на Сител
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
