Штипјанката Александра првонаградена во Холивуд за својот хорор филм

Краткиот хорор филм снимен по сценарио на Македонка која живее и работи во Холивуд победи на Бламхаус Интерн Филм Фестивал. Филмот насловен „Фотобомбд“ зад чие сценарио се потпишува 28-годишната штипјанка Александра Миланова, истовремено ги освоил гласовите и од жирито и од публиката.
Таа за КУРИР вели дека за неа е огромна чест што нејзиниот филм добил признание од видни холивудски имиња.
По неговото споделување на фан страната на Бламхаус Продукција на социјалната мрежа Фејсбук, за само два дена „Фотобомбд“ го срушил рекордот на најгледан клип надминувајќи 100.000 прегледи.

Бламхаус продукцијата, која се јавува како организатор на фестивалот кој се одржа во мај годинава, се раководи по модел на висок концепт и низок буџет, по кој е структуиран и самиот фестивал, со цел да се поттикне креативноста на учесниците. „Фотобомбд“ е сниман по строги критериуми каде не е дозволено да се инвестираат парични средства и единствена филмска опрема која е дозволена е телефон со камера.
Инаку, Бламхаус е дом на најголемите хорор франшизи од последниве неколку години, како Паранормална Активност (Paranormal Activity), Злокобен (Sinister), Подмолен (Insidious), како и на познатите трилери Подарокот (The Gift), и Посетата (The Visit), и е една од најпознатите и најбрзорастечки продуцентски компании во Холивуд.
Ново на Сител
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
