Штипјанките Докузова и Станојовска со соло песни и арии имаа концерти во Чешка и Словачка
Македонските оперски пејачки Марија Докузова и Даница Сатнојовска во пијано придружба на Деспина Филова изминатиот викенд имаа концерти во чешкиот град Брно и словачкиот град Братислава. Докузова и Станојовска за МИА велат дека имале настапи со македонски соло песни и арии од Прокопиев, Зографски, Цанев, Скаловски и Голубовски.
– Задоволни сме од настапите и во Брно и во Братислава, кои се одржаа на 4. и 5. Ноември. Продолжуваме понатаму со концерти и во други европски градови, каде што ќе ги промовираме и македонските автори, вели Докузова.
Овие две млади оперски пејачки, своето обаразование го стекнуваат во својот роден град, но настапуваат и оставруваат големи успеси во западно европските земји. Сопранското дуо веќе има најави и преговараат за настапи во Словенија и Германија, каде ќе ја афирмираат македонската оперска култура.
Ново на Сител
-
Штаунас: Преземените обврски да се реализираат
-
Поголема контрола на езерото
-
Преглед на вестите
-
11 Oктомври - Денот на народното востание
-
Димитриевски: Ја поздравувам одлуката на Уставен за балансерот
-
Филипче: Нема откажување од зацртаните цели
-
Да се внимава со користењето на водата на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот