Македонија
8. November 2018 - 15:03

Штипјанките Докузова и Станојовска со соло песни и арии имаа концерти во Чешка и Словачка

Македонските оперски пејачки Марија Докузова и Даница Сатнојовска во пијано придружба на Деспина Филова изминатиот викенд имаа концерти во чешкиот град Брно и словачкиот град Братислава. Докузова и Станојовска за МИА велат дека имале настапи со македонски соло песни и арии од Прокопиев, Зографски, Цанев, Скаловски и Голубовски.

– Задоволни сме од настапите и во Брно и во Братислава, кои се одржаа на 4. и 5. Ноември. Продолжуваме понатаму со концерти и во други европски градови, каде што ќе ги промовираме и македонските автори, вели Докузова.

Овие две млади оперски пејачки, своето обаразование го стекнуваат во својот роден град, но настапуваат и оставруваат големи успеси во западно европските земји. Сопранското дуо веќе има најави и преговараат за настапи во Словенија и Германија, каде  ќе ја афирмираат македонската оперска култура.