Штипската болница треба да биде готова до 2020
Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена во 2020 година.
– Добивме информација од изведувачот со кој Министерството за здравство има потпишано договор. Тоа е грчката фирма Интракат, дека го раскинале договорот на досегашниот подизведувач и бара продолжување на роковите. Рокот го продлживме за една година и сега крајниот рок кога треба болницата да биде завршена е 2020 година, изјави Филипче.
Во меѓувреме, како што рече, забележуваме, а имаме и извештаи од надзорот дека работите се изведуваат со навистина забрзана динамика.
– Имаме интензивна комуникација и со градоначалникот на Штип, кој треба да преземе обврски за некои сообраќајни решенија, рече Филипче.
Тој изрази надеж дека следната година Штип ќе добие нова и современа болница.
Ново на Сител
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари
-
Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието