Штипската Клиничка болница доби донација од 200 илјади евра
Клиничка болница-Штип денеска доби нова донација во опрема и помагала во вредност од 200.000 евра, која ја обезбеди шведската Невладина организација „Хенд Тил Хенд“, преку брачниот пар Розенгрен. Марија Розенгрен вели дека ова е четврта донација, а се заблагодари на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој се ангажирал за да донацијата пристигне побргу во болницата.
- Можам да речам дека градоначалникот беше многу успешен во оваа работа, заради тоа што тој ни помогна со логистиката за транспортот. Новиот менаџерски тим, директорот, главната сестра помогнаа за сите други работи во врска со донацијата, вели Розенгрен.
Директорот на Клиничика болница-Штип, Ален Ѓорѓијев вели дека донацијата се состои од болнички кревети, инвалидски колички, хирушки и гинеколошки апарати.
- Најпрвин ќе направиме технички прием, попис на опремата, а ќе биде доставена до оние одделенија, каде што е најмногу потребна. Ова е голем придонес, уште еден чекор за осовременување на здравствената заштита и бенефит за сите пациенти кои ги користат услугите на нашата клиничка болница, реѓе Ѓорѓијев.
Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски истакна дека координацијата и за оваа донација ја направи Алекдандар Арсовски вработени во Општина Штип.
- Јас и во иднина ќе продолжам да работам на ваков начин, на транспарентен, каде што секоја поддршка и помош која што може да послужи во нашите институции ќе биде добредојдена, вели Бочварски.
Во штипската Клиничка болница досега преку брачниот пар Розенгрен се пристигнати опрема и помагала во вредност од околу еден милион евра.
Ново на Сител
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин