Штипската Клиничка болница набави нова заштитна опрема
![]()
Штипската Клиничка болница набави нова заштитна опрема за вработените. Директорот, Ален Ѓеорѓијев вели дека тендерската постапка е завршена, со што е обезбедена заштитна опрема за наредниот период за вработените во болницата.
Набавени се 30.000 капи, 50.000 калјачи, 100.000 хируршки маски и 900 хируршки мантили. Болницата има потреба од 10.000 хирушки мантили, но очекуваме во текот на оваа недела да се набават и дополнителните мантили, вели Ѓеорѓијев.
Вработените на Инфективното одделение во Штип денеска испратија фотографии од внатре во самото одделение и со каква заштитна опрема се грижат за пациентите кои се хоспитализираат од општините од источниот регион. Во моментов на ова одделение има пациенти од Штип, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Ѓеорѓијев рече дека за пациентите се грижат двајца инфектолози од Штип и Струмица и еден специјализант, а од Министерството за здравство имаат најава дека на помош деновиве ќе им пристигне и инфектолог од Кочани.
Во моментов на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се позитивни на Ковид 19 и се со средна клиничка слика, а за останaтите четворица пациенти, кои се со сомнителни симптоми се чекаат резултатите од брисовите.
![]()
Во текот на минатата недела пристигнати се 300 скафандери, а се платени од општествено одговорните компании „Биомедика“ од Скопје и од радовишкиот рудник за бакар и злато „Бучим“.Ѓеорѓијев информира дека на донаторската сметка на Клиничка болница-Штип пристигнати се и 5.000 евра донација од спортската кладилница „Моцарт“.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
