Штипската клиничка болница објави оглас за вработување на здравствени работници и технички персонал

Штипската клиничка болница го објави огласот за прием на 17 здравствени работници и технички персонал. Огласот е објавен вчера и заинтересираните веќе можат да аплицираат.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека огласот е за вработување на медицински сестри, болничари, физиотерапевти и по еден специјалист неуропсихијатар, психолог и стоматолог.
-Огласот го објавивме вчера. За болничарите рокот за пријавување е три работни денови, додека за останатите е пет работни денови. Согласноста од страна на министерствата ја добивме во текот на годината, но поради изборите во Штип, можевме да го распишиме оваа недела, вели Ѓеорѓијев.
Тој истакнува дека со новиот План и програма за работа на Клиничката болница и за наредната година се предвидени нови вработувања во овој регионален болнички центар. Очекува наредната недела до 31 декември да пристигне и одговорот од Фондот за здравство за буџетот на болницата за 2021 година.
Ново на Сител
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
