Штипската рибочуварска служба конфсикува 26 мрежи во реката Брегалница
Рибочуварската служба на Здружението на спортски риболовци „Брегалница“ - Штип денеска конфискува 26 мрежи по течението на реката Брегалница.
Спопред Марјан Јосифов од Рибочуварската служба, рибокрадците не се фатени, но уловената риба која била во мрежите е пуштена во реката.
- Запленети се 26 мрежи на потегот од село Доброшани до Јамуларци. Рибокрадците се во бегство, рибата е пуштена во реката, а мрежите се одземени, изјави Јосифов.
Од рибочуварската служба на здружението на спортски риболовци „Брегалница 2011" велат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо за да се стави крај на рибокрадството со кое се уништува на рибниот фонд во реката Брегалница.
Согласно законската регулатива, ако рибокрадец се фати на лице место, предвидени се прекршочни пријави и глоби од 500 до 1.000 евра.
Од здружението потсетуваат дека сите што сакаат да бидат риболовци, може да се зачленат и да добијат легитимација и потребни дозволи за риболов. Канцеларијата е отворена секој понеделник, среда и петок од 17 до 19 часот.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта