Штипски „Исар“ го надоградува електронскиот систем за плаќање на сметки за вода
![]()
ЈП „Исар“ – Штип од наредниот месец воведува нова можност за граѓаните. По електронски пат сите ќе може да ја пријавуваат состојбата на својот водомер, со што ќе се реши и проблемот со граѓаните кои не се овде, односно се заминати на печалба во странство. Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков вели дека со ова дополнително ќе се штеди на време и ресурси.
– Во овие летни услови ќе им олесниме на граѓаните сметкиte да ги добиваат, односно да си ги симнуваат сами ако се во можност и покрај тоа да пријавуваат состојба на водомер, бидејќи имаме некои сограѓани, кои се отсутни од овде, така да ќе може електронски да ја пријавуваат својата состојба, вели Здравков.
Системот за електронско плаќање е надограден со тоа што и правните лица ќе може да ги плаќаат своите сметки без провизија.
-Системот за електорнско плаќање е од изминатите години, а сега го надоградивме со тоа што и правните лица ќе може да плаќаат на нашиот систем, електорнски без провизија. Имаме вкупно од нашите корисници 30 отсто од правните и 27 отсто од физичките лица, кои веќе почнаа да го користат системот и ги плаќаат своите фактури , односно сметки за комунални услуги без провизија, рече Здравко.
Тој истакна дека за граѓаните кои не знаат како да ги преземаат сметките електорнски, детално објаснување има на веб страната, а дополнително екипи од претпријатието ќе им помагаат на граѓаните.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
