Штипскиот театар се подготвува за Фестивалот на комедијата

Актерите на штипскиот Народен театар по учеството на фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на скопската „Гола Месечина“ ќе гостуваат и во Куманово. На Фестивалот на комедијата во Куманово ќе се престават со преставата „Умри машки“.
Актерот Ефтим Трајчев вели дека она што тие го работат на сцена треба да го види и публиката во земјава, но и да имаат и гостувања во странство.
- Патот на сите престави, водат кон фестивалите. Всушност тоа се гостувања во други градови во Македонија, по можност и во странство. Мислам дека треба да се фокусираме, за сите претстави што ќе ги создадеме да бидат видени и надвор од Штип, со тоа да ја афирмираме нашата култура и театрот како неминовен дел од нејзе, вели Трајчев.
Штипските актери ќе започнат и со подготовки на две нови престави „Патувачки театар“ на Шопалович, во режија на Билјана Радиновска и „Три сестри“, а режијата ќе биде на Јован Ристовски. Премиерите се закажани за октомври и крајот на декември оваа година.
Ново на Сител
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
