Штир: Хрватска сака стабилност на Југоисточна Европа

Хрватска не сака радикализација на состојбите во Југосточна Европа и сака и може да даде свој придонес за стабилизација на регионот, изјави во Вашингтон хрватскиот министер за надворешни работи, Давор Иво Штир.
- Хрватска сака да го прави тоа и како членка на ЕУ и како членка на НАТО, во партнерство со САД, изјави Штир, кој престојува во неколкудневна посета на Вашингтон, каде учествуваше на министерската средба на земјите членки на коалицијата која се бори против групата Исламска држава во Сирија и Ирак.
Тој оцени дека партнерството меѓу ЕУ и САД е од клучно значење за решавање на глобалните предизвици, како што е заканата од радикалниот исламизам.
- За трансатлантското партнерство е важно да воочиме дека и натаму се соочуваме со предизвици со кои можеме да се справиме само ако сме здружени и ако Европа и Америка работат заедно, рече Штир.
Како што јави Хина, Штир нагласи дека во разговорите што ги имал во Вашингтон, добил уверување дека новата американска Администрација ќе продолжи со напорите за стабилизација на Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
-

Мерката за самовработување отвори 104 нови фирми во Струмица
-

Еко патролни тимови ќе ја заштитуваат Галичица
-

Идентификувани уште 16 тела во пожарот во Кранс-Монтана
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
-

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро
-

16-годишниот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар
-

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ
