Што да јадете навечер, а да не се здебелите?
Наместо да се најадете со некои нездрави грицки, нездрав сендвич или чоколада, попаметно би било да ги следите овие неколку совети пред да си го оптоварите желудникот.
Оброците во доцните ноќни часови се голем непријател на нашиот метаболизам. Но кога остануваме будни до доцна неизбежно е да почувствуваме глад. Со оглед на тоа дека ноќта е време за одмор, нашиот организам е навикнат бавно да ја вари храната.
Сепак гладувањето е подеднакво лошо како и нездравата храна. Избегнувањето на оброци може да го поремети нашиот метаболизам. По правило, последниот оброк навечер треба да биде барем два до три часа пред спиење, но поради нашите лоши навики често посегнуваме по чоколадо или високо калоричен сендвич.
Нутриционистите препорачуваат чаша млеко пред спиење, а ако сакате нешто поблаго тогаш можете да си подготвите чоколадно млеко. Храна што можете да ја јадете навечер без грижа на совест е туна во комбинација со зеленчук како зелена салата, свежа пиперка и краставица. Освен тоа, навечер можете да јадете и разни немасни протеини како риба, бело месо или посно сирење. Храна по која никако не смеете да посегнете навечер е: леб, слатки, овошје, грицки, мед и компир.
Ново на Сител
-
Кирков: Продолжува хоророт во скопската Зоолошка градина, погинаа две лами од редок вид
-
До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици
-
Собраниската Комисија за здравство се сретнала со дел од членовите на Кризниот штаб за Кочани
-
Украдено службеното возило на градоначалникот на Аеродром
-
Во болниците во земјава се лекуваат седум пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти
-
Приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
-
Барале мито од 20.000 евра за да сместат пациент, уапсен директорот на Геријатрија
-
Битолчанец крадел електрична енергија и заработил 9.300.955 денари