Што ќе се случи со пештерата Там Луанг?
Пештерата Там Луанг во која 12 деца и нивниот тренер 18 дена беа заробени ќе добие потполно нова намена.
Комплексната пештера, која се наоѓа на границата меѓу Тајланд и Мјанмар ќе стане музеј кој ќе прикаже на кој начин е извршена спасувачката мисија која беше спроведена во минатите денови, потврди водачот на операцијата.
Двајца британски нуркачи ги пронајдоа 12. деца и нивниот тренер девет дена откако исчезнаа во поплавената пештера, а уште толку време беше потребно за спасувачките екипи да ги извлечат во мисијата во која загина еден спасувач.
Инаку, постои само еден водач за релативно неистражената пештера кој сведочи за „импресивна комора на влезот“ која води до означена патека, а потоа и серија нови комори.
Мештаните велат дека одамна им сигнализирале на властите појасно да ги истакна натписите во сезаната на поплави во пештерата. Со тоа пештерата од четврток ќе биде затворена, а се уште не е соопштено до кога.
Чонгклаи Ворапонгсаторн, заменик генерален директор на Одделението на национални паркови и диви средини истакна дека постојат планови да се „оживее“ националниот парк, односно дел од пештерата каде преходните дваесет дена живеаја спасувачите и останатите кои помагаа.
МИА
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари