-->
-->
Што се случува кога водителка ќе заборави на камерите?
-->

Наташа Екслби, водителка од австралискиот телевизиски канал ABC стана хит на интернет поради нејзината симпатична реакција пред камерите откако кадарот две секунди порано се врати на неа и ја фати неподготвена и занесена.
По настанот, засрамената водителка неколку дена не се појавува во етер, коментира „Индепендент“, додавајќи дека, за среќа, таа нема да биде отпуштена од работа.
- Емитувањето во живо во принцип е доста сложено и грешките се неизбежни. Нашите водители се луѓе, а не роботи. Ние се однесуваме сериозно кон стандардите на она што оди во живо, но не очекуваме потполно совршенство. Нема да казнуваме никого за грешка, па тоа нема да и се случи ни на Наташа, изјави директорот на информативната програма на ABC, Гевин Морис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
