Што значат еротските сoништа?

Сте сонувале ли некогаш како водите љубов со вашето поранешно момче или пак со вашиот пријател или шеф? Сте се разбудиле ли збунети и со помисла зошто го сонувам тоа и што значи тоа?
Дознајте што значат дел од вашите еротски соништа.
Секс со поранешно момче
Ваквиот сон најчесто сака да ве упати кон некој нерешен детаљ од вашето минато. Најдобро е отворено да разговарате со бившото момче и да ги решите сите работи кои ве мачат. Не мора да значи дека таа личност ви недостига, туку само среќните моменти со него. Можеби ви недостасуваат близината што сте ја имале со него и неговите карактеристики поради кои сте се заљубиле во него. Затоа соберете храброст, јавете му се и расчистете ги работите кои ве мачат.
Секс на јавно место
Ваквите соништа означуваат дека сакате да бидете поотворена и искрена за некоја важна област од вашиот живот. Понекогаш овие соништа имаат и значење дека се плашите дали околината ќе го прифати вашиот партнер.
Секс со пријател
Во вистинскиот живот не ви ни паѓа на памет да го сторите тоа, но зошто ви се појавува на сон? Тоа значи дека имате потреба за пријателство и поддршка. Или пак, ваквиот сон може да означува восхит за некоја особина која таа личност ја поседува па сакате и вие да ја поседувате истата.
Секс со славна личност
Или премногу и се восхитувате на оваа славна личност или сакате да имате живот како нејзиниот. Можеби имате потреба од малку гламур и возбудливост во животот и сакате другите да ви се восхитуваат и да ве почитуваат.
Секс со шефот
Поради вакви соништа, жените најчесто поцрвенуваат следниот пат кога ќе го видат шефот. Ваквиот сон не значи дека ве привлекува таа личност, туку неговата позиција. Ве привлекува моќта, влијанието врз другите, па затоа преку сексот можете најлесно да се приближите кон таа цел.
Ново на Сител
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
-

Газда Деко добивал информации за рации во дискотеката, комуницирал со инспектори, полицајци, вработени во Економија
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-

Уапсен 16-годишник од Тетово, крадел по цркви и џамии
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
