Штрајк на наставниците во Грција
Наставниците во основните и средните училишта во Грција утрово започнаа 24-часовен штрајк, што иако беше прогласен за незаконски од надлежниот суд, доби поддршка од Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и ќе се одржи регуларно, јави дописничката на МИА од Атина.
Штрајкот се очекува да создаде проблеми во наставата и дел од училиштата денеска да бидат затворени.
Федерацијата на наставници преку штрајкот бара „суштински зголемувања на платите“, како и исполнување на образовните потреби на учениците за јавно и бесплатно образование“.
Од Министерството за образование на Грција вчера реагирале до надлежниот суд за штрајкот, што со судска одлука бил прогласен за незаконски, по што АДЕДИ донесе одлука да го поддржи закажаниот штрајк и да се одржи регуларно.
Наставниците преку нивната федерација закажаа и протест во центарот на Атина.
Паралелно во Грција од вчера е во тек 48-часовниот штрајк на грчката поморска федерација со што земјата и денеска ќе биде без бродски сообраќај.
Ново на Сител
-

Мицкоски: СДСМ намерно сее паника и страв, следната година ќе враќаме нивни долгови
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
-

Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
-

Преглед на вестите од светот
