Штрајк на полицијата во Франција
Вработените во француската полиција денеска стапија во штрајк, поради неисплатените надоместоци за прекувремена работа, што предизвика застои на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.
Управата на аеродромската полиција соопшти дека застои поради штрајкот има само на Терминалот 1, додека на остантите два терминали турканиците настанале поради „големиот број патници“.
Штрајкот се одржува во организација на полицискиот синдикат Алианс, кој ги повика полицајците денеска да реагираат само на „итни случаи“, откако преговорите меѓу неговите претставници и Министерството за внатрешни работи околу надоместоците за прекувремна работа за време на протестите на „жолтите елеци“ западнаа во ќор-сокак.
Француската Влада вчера соопшти дека ќе им исплати по 300 евра бонус на околу 111.000 полицајци, кои се ангажирани во обезбедувањето на протестите на „жолтите елеци“. Според најавите, ваквата одлука ќе ја чини Франција 33 милиони евра.
Меѓутоа, синдикатот Алианс не е задоволни со владината одлука и бара државата да инвестира во реформа на полицијата и на полицајците да им бидат исплатени надоместоците за прекувремена работа, а не бонуси.
– Не сме на продажба и не можете да не купите. Кризата сигурно нема да биде решена со овие бонуси, изјави претставник на синдикатот.
Преговорите меѓу синдикатот и Министерсвото за вантрешни работи беа прекинати вчера, по што за денеска е најавено нивно продолжување.
Ново на Сител
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова
-
Адана Демирспор го напушти теренот поради пенал досуден за Галатасарај
-
Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
-
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Од денеска до петок во Србија повик за бојкот на пет големи трговски синџири поради високи цени
-
Во штипскиот Основен суд почнува судењето на Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева