Свет
24. March 2016 - 11:00

Штрајк на вработените во атинското метро

Вработните во метрото во Атина започнаа 24-часовен штрајк со кој ја изразуваат загриженоста за нивната безбедност, јави дописникот на МИА.

Персоналот во метрото протестира против безбедносните мерки по серијата вандалски напади врз централни метро станици и објавување на список со имињата на 125 кондуктери на анархистичка Интернет страница.

На страницата е објавена и порака со која се поттикнуваат напади врз кондуктерите кои ќе бидат препознаени.

Електричната железница Пиреја-Кифисија работи и не е погодена од штрајкот.