Свет
21. April 2023 - 15:17

Штрајк на железничарите и аеродромските работници во Германија

Штрајкот на работниците во транспортниот сектор изутрината прекина голем дел од железничкиот сообраќај, а одлуката за прекин на работата е последица на барањата за значително зголемување на платите како одговор на постојаниот раст на цените.

Штрајкуваат исто така и работниците во секторот на воздушниот транспорт, односно на аеродромите во Хамбург, Келн/Бон, Дизелдорф, Штутгарт и аеродромот Карлсруе/Баден-Баден.

Вработените на главниот аеродром во Франкфурт не штрајкуваат.