-->
-->
Штрајк во атинското метро поради најавата за приватизација
-->

Вработените во метрото во Атина денеска стапија во 24-часовен штрајк, со кој протестираат против плановите за приватизација на компанијата.
Изминатите недели работниците го блокираа метрото по неколку часа. Тие бараат средба со грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос и се закануваат со дополнителни штрајкови доколку до тоа не дојде, пишува „Катимерини“.
Ставањето на атинското метро на списокот компании кои се нудат на продажба беше еден од условите за Грција да ја добие најновата транша од кредитот од своите европски и меѓународни доверители вреден 2,8 милијарди евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
