Балкан
21. November 2017 - 9:37

Штрајк во атинското метро поради најавата за приватизација

Вработените во метрото во Атина денеска стапија во 24-часовен штрајк, со кој протестираат против плановите за приватизација на компанијата.

Изминатите недели работниците го блокираа метрото по неколку часа. Тие бараат средба со грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос и се закануваат со дополнителни штрајкови доколку до тоа не дојде, пишува „Катимерини“.

Ставањето на атинското метро на списокот компании кои се нудат на продажба беше еден од условите за Грција да ја добие најновата транша од кредитот од своите европски и меѓународни доверители вреден 2,8 милијарди евра.