Штрајк во Грција: Не сообраќаат автобусите, возовите, бродовите

Бродовите се закотвени во грчките пристаништа, а железничките услуги се стопирани денеска бидејќи транспортните работници штрајкуваат и бараат повисоки плати за да се справат со зголемените животни трошоци.
Дури и автобусите и таксистите денеска не работат, па многу патишта во центарот на Атина се пренатрупани бидејќи жителите сами се возат на работа.
Возачите се приклучија на 24-часовниот штрајк на најголемиот синдикат на грчкиот приватен сектор, ГСЕЕ, кој вели дека платите на транспортните работници сè уште заостануваат зад оние на нивните европски колеги. Грција овој месец ја зголеми месечната минимална бруто плата за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврто такво зголемување во последните пет години, додека земјата закрепнува од децениската финансиска криза.
Но, работниците велат дека тоа зголемување не е доволно за да бидат во чекор со зголемените трошоци за храна и домување.
„Пораката е јасна. Работниците не можат да врзат крај со крај додека земаат најниски плати, а цените вртоглаво растат“, се вели во соопштението на ГСЕЕ, синдикат кој претставува околу 2,5 милиони работници.
Конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис, која победи на реизборот минатиот јуни, вети дека ќе ја зголеми месечната минимална плата на 950 евра до 2027 година, кога завршува нејзиниот мандат, и дека ќе ја зголеми просечната плата за повеќе од 25 отсто, на 1.500 евра, до истиот рок.
Ново на Сител
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
