Свет
12. March 2016 - 11:50

Шулц: ЕУ и САД не се подготвени за претседател како Трамп

ЕУ и САД не се подготвени за евентуално влегување на американскиот милијардер Доналд Трамп во Белата куќа, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

- Ниту Европа, ниту САД се подготвени за претседател како Трамп, кој според мене нема никаков меѓународно искуство, рече Шулц за францускиот ТВ канал "И-теле" пред денешната средба во Париз со лидери на европски социјалдемократски партии.

- Трамп припаѓа на оној тип луѓе какви познаваме и во Европа, кои имаат за секое нешто жртвено јагне, но не и конкретно решение, изјави Шулц, правејќи паралела со порастот на „примитивен популизам" во земји од ЕУ.

- Во неговите раце, моќните политички и воени средства со кои располагаат претседателите на САД, може да го поттикнат кон исклучително опасни одлуки. Признавам искрено, дека јас лично милувам еден друг кандидат, а тоа е Хилари Клинтон, додаде Шулц.