Шулц и Столтенберг: Тероризмот нема никогаш да ја победи демократијата

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утринава го осудија теорристичкиот напад што синоќа се случи во францускиот град Ница, при кој според последните информации загинаа најмалку 84 лица, а над 100 се повредени.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг и Шулц испратија јасна порака дека тероризмот нема никогаш да ја победи демократијата. Притоа, и двајцата изразија силно жалење и сочувство за жртвите и нивните семејства на теорриситчкиот напад.
- Јас ја делам ова утро мојата неизмерна тага поради крвавиот напад што се случи во градот Ница минатата ноќ. Би сакал, во име на Европскиот парламент да изразам сочувство до семејствата и роднините на големиот број на жртви и да испратам најдобри желби за оздравување до повредените. Исто така, ја поздравувам храброста и солидарноста на лицата за безбедност и здравство, но исто така и до жителите од Ница. Оние што го извршија или помогнаа да се изврши овој крволочен чин на кукавичлук избраа симболичен датум, момент на радост во срцата на драгите Французи и нападнаа на денот на националното наследство. Тие нема да ја ослабнат нашата решителност да се бориме против тероризмот, во Франција, Европа и ширум светот, порача Мартин Шулц.
Според челникот на Европарламентот, физичките и психолошките рани ќе биде потребно време да се излечат, но тој ги повика Французите да се спротивстават на искушенијата на поделба и омраза.
- Слобода, еднаквост, братство: Франција ќе остане да цврста, порача Шулц.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пак, истакна дека е шокиран и тажен поради терористичкиот напад во Ница. Тој порача дека неговоите мисли се со семејствата и саканите на жртвите и со сите оние кои се засегнати во грозморниот чин што се случи синоќа во Ница.
- Овој напад беше насочен кон невини луѓе и против основните вредности за кои се залага НАТО. Но, тероризмот никогаш нема да ја победи демократијата, слободата и нашите отворени општества. Ние сме во силна солидарност со народот на Франција, изјави Столтенберг.
Исто така, шефовите на држави или влади од Азија и Европа, кои учествуваат на средбата во Улан Батор, заеднички го осудија терористичкиот чин, нарекувајќи го кукавички, но и осудувајќи ги и останатите такви напади што се случија ширум светот во последниот период.
Тие ја повторија својата посветеност во заедничката борба против тероризмот и побараа сите извршители на вакви дела да одговараат според поглавјето на Обединетите нации и меѓународното право.
Ново на Сител
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
