Шулц: Ситуацијата со мигрантите во Грција е драматична
Првостепена задача за грчката Влада, смета Шулц, е да оспособи пет вакви „жешки точки“, за кои има дадено ветување. На второ место тој го стави исполнувањето на задолжителните квоти за раселување на мигрантите, а на трето порешителното протерување на мигрантите, кои не одговараат на барањата за стекување статус азилант. Како четврта задача претседателот на ЕП го посочи „отворениот разговор“ со Турција за прашањето на миграцијата.
- Циниците сакаат да се фокусираат врз малиот број досега раселени мигранти во Грција, изјави Шулц по повод вчерашниот прв лет со Сиријци и Ирачани од Атина за Луксембург.
„Во следните денови сакам да видам десетици такви летови кон сите држави од ЕУ. Тоа на шверцерите ќе им ја испрати пораката дека можеме да ги отстраниме од патот на мигрантите, а на мигрантите дека постојат безбедни патишта“, додаде првиот човек на ЕП.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип