Шулц задутре ќе го посети Лезбос

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во петок ќе го посети грчкиот остров Лезбос каде на лице место ќе ја увиди кризата со бегалците и начинот на кој грчките власти се справуваат со ситуацијата.
Шулц ќе биде придружуван од еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос и министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн.
Во меѓувреме, грчката крајбрежната стража уапси шверцер на мигранти од Турција, кој во текот на изминатиот викенд превезол над 1.000 бегалци и мигранти на островот Лезбос.
Осомничениот бил толку самоуверен, што му дозволил на еден аматерски фотограф да го слика неговиот брод со кој во тој момент на островот дошле околу 150 лица, меѓу кои и жени и деца, соопштија локалните власти. Шверцерот на секој мигрант му наплатил по 1.500 евра за патувањето.
Грчка патрола на крајбрежна стража и припадници на Фронтекс го уапсиле во понеделникот, откако забележале дека неговиот брод неколку пати плови меѓу турскиот брег и Лезбос.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
