Швајцарија со нова тригодишна стратегија за поддршка на Македонија

Швајцарија најавува продолжување на поддршката за Македонија со нова тригодишна стратегија.
- Денес Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Македонија и со новата швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020 се предвидени финансиски обврски во висина од 76 милиони швајцарски франци, соопшти амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Целта на новата стратегија е да ја поддржи Македонија во нејзините реформи да ги постигне европските стандарди и вредности и да продолжи со социјално инклузивната демократија и пазарна економија, воедно обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси.
Стратегијата, како што истакнуваат, следи практичен пристап кој се фокусира на подобрување на условите за живот на граѓаните на Република Македонија. Деталите од стратегијата ќе бидат претставени на 31-ви овој месец во Скопје.
Како што се наведува во соопштението, Швајцарија ја поддржува политичката, социјалната и економската транзиција на Македонија од 1992 година. Оваа долгорочна соработка доаѓа од швајцарската традиција на солидарност и одговорност и го одразува значењето кое Швајцарија го придава на стабилноста и развојот на Македонија и регионот. Швајцарија, стои во соопштението, е одлучна да ги продлабочи односите со Македонија преку унапредување на дипломатските и развојните активности во државата.
Во последните 25 години, укажуваат од швајцарската амбасада, Швајцарската програма за соработка придонесе не само кон процесот на транзиција во Македонија, туку и кон развојот на цврсти и взаемно корисни односи помеѓу швајцарски и македонски институции, компании и граѓански организации. Швајцарија ја призна Република Македонија на 12 мај 1993 година и во билатералните односи го користи уставното име на Република Македонија. Од 2014 година, Швајцарската програма за соработка е клучната активност во Швајцарската амбасада во Република Македонија. Високо посветен тим редовно ја координира поддршката која Швајцарија ја имплементира преку Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO) во областите на демократско владеење, вработување и економски развој, инфраструктура и животна средина.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
