-->
-->
Швајцарската полиција уапси едно лице за поврзаност со ИД
-->
Најмалку едно лице е уапсено во јужниот дел на Швајцарија при полициска акција против група луѓе кои мобилизираат борци за Исламска држава или се поврзани со таа џихадистичка организација.
Според швајцарското обвинителство, над 100 полицајци извршиле претрес во неколку куќи и една сала за молитви во кантонот Тачино.
Истрага се води против двајца мажи поради прекршување на законите, со кои се забрануваат екстремистички организации како што се Ал Каеда и ИД. Едниот од осомничените е турски државјанин, а другиот има двојно државјанство - швајцарско и турско. Притворен е само еден од осомничените, но не е утврдено за кој станува збор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!